Дома Останати Кошарка Koментаторот падна во транс: Јокиќ погоди од својата половина и тоа – со една рака! (Видео)

Koментаторот падна во транс: Јокиќ погоди од својата половина и тоа – со една рака! (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар и запиша нов трипл-дабл, јубилеен 150-ти, во триумфот на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс на домашен терен, со резултат 132:123.

Јокиќ на петти последователен натпревар запиша трипл-дабл, а овој пат забележа неверојатни 35 поени, 22 скока и 17 асистенции.

Јокиќ заедно со трипл-даблот речиси традиционално приреди несекојдневен потег, а сега тоа беше кош од својата половина во завршетокот на третата четвртина.

Тој ја прими топката 1,7 секунди пред крајот на четвртината на својата линија за три поени и шутна, при што топката „без топче“ влезе во противничкиот кош.

Јокиќ не го славеше премногу тој чудесен тројка кој беше постигнат од шестата најголема далечина во историјата на НБА лигата, а по натпреварот го прашаа за што размислувал кога шутнал.

“Знаев дека ќе влезе”, се пошегува Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…