Дома Фудбал Речиси се е договорено – Елмас оди на позајмица!

Речиси се е договорено – Елмас оди на позајмица!

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас во вториот дел од сезоната како што стојат работите ќе биде дел од шпанска Валенсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот тим е блиску до договор со Лајпциг за позајмица на македонскиот фудбалер кој не добива шанса во бундеслигашот.

Елмас во Лајпциг се пресели со цел да добие поголема минутажа отколку во Наполи, меѓутоа во Германија се случи спротивното, речиси и да не игра.

Од друга страна Валенсија во него гледа одлично освежувње во средниот ред, а во прашање би била позајмица до крајот на сезоната. Германските медиуми пренесуваат дека Валенсија се одлучила за Елмас пред Енцисо од Брајтон.

Ќе потсетиме, во Валенсија веќе настапува македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…