Дома Фудбал Eден гол промени се: Флик го спречува трансферот на фудбалерот кој требаше да замине

Eден гол промени се: Флик го спречува трансферот на фудбалерот кој требаше да замине

Ситуацијата во Барселона околу јануарскиот трансферен период се менува од ден на ден бидејќи Каталонците повторно ја сменија одлуката што ја донесоа.

Барселона пред два дена одигра спектакуларен натпревар во Лисабон каде по голем пресврт успеа да ја победи Бенфика со 5:4 и да обезбеди позиција која директно го води овој тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Сепак, се истакна и резервистот Ерик Гарсија кој доби шанса во второто полувреме, а токму тој постигна одличен гол со глава за 4:4 по асистенција на Педри.

Многумина сметаа дека за Гарсија тоа беше проштален меч и гол во дресот на Барселона бидејќи беше јасно дека Каталонците беа во преговори со италијанскиот Комо околу неговата продажба.

Комо испратил понуда во понеделеникот од седум милиони евра за Гарсија и изгледаше дека тој ќе замине во Серија А, бидејќи Барселона сакала да го продаде што би направило место за засилување до крајот на јануари.

Но, по натпреварот во Лисабон ситуацијата драстично се промени и утрово се појави информација дека Гарсија останува и тоа по разговорот што го имаше со Ханси Флик.

Флик успеа да го убеди Гарсија да остане и му даде уверување дека ќе игра повеќе во продолжението на сезоната. Иако скоро веќе се согласи да замине во Комо, на крајот тој се премисли и одлучи да остане во Барселона.

Таа вест ја потврди и Фабрицио Романо кој објави дека Барселона ги прекина преговорите со Комо и на италијанскиот клуб им кажале дека се повлекуваат бидејќи статусот на Гарсија се променил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приход…