Дома Фудбал Официјално: Давид Луиз има нов клуб

Официјално: Давид Луиз има нов клуб

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Давид Луиз, најде свој седми клуб во 19 години долгата кариера.

Тоа е Форталеза, клуб кој го посакуваше многу порано, но поради договорот кој го имаше со Фламенго, не можеа така лесно да го добијат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега 37-годишниот фудбалер потпиша договор со „бразилските лавови“ и она што е многу важно да се напомене е дека не се очекува да биде најплатен во клубот, туку сака да биде рамноправен со остатокот од тимот во борбата за најдобрите 11.

„Помошникот Боб“, како што многумина го нарекуваат по ликот од Симпсонови поради неверојатната сличност, планира да влезе во тренерските води и Форталеза би можела да му го овозможи тоа.

Луиз има големо искуство, започна во Виторија, играше за Бенфика, Челзи, ПСЖ, повтоно за Челзи, Арсенал и Фламенго. Освои многу трофеи, со Челзи има Лига на шампиони и две Лиги на Европа, како и Премиер лига и два ФА купа, практично беше дел од историските генерации на овој клуб, има и Копа Либертадорес со Фламенго, а да напоменеме и дека беше во најдобриот тим на Светското првенство 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта го изгуби трпението поради ѕвезда на Барселона: Ова е срамота!

Меѓународната пауза повторно се покажа како фатална за Барселона откако Рафиња претрпе пов…