Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне нескоримно потврди дека целта на неговиот тим оваа сезона е да игра во финалето на Лигата на шампиони.
Атлетико Мадрид е единствениот тим кој трипати стигнал до финалето без да го освои трофејот, а двапати загуби од Реал Мадрид во 2014 и 2016 година.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Ќе играме со цел да победиме. Клубот никогаш не ја освоил Лигата на шампионите и нашата цел е да стигнеме до тоа толку посакувано финале“, изјави Диего Симеоне.
Шпанскиот тим ќе го пречека Баер Леверкузен, кој има 11 последовни победи во сите натпреварувања.
„Чаби Алонсо прави одлична работа. Она што го направи минатата година, изгледа ќе го повтори. Тој има јасна визија за фудбалот, како што играше на средината на теренот, од каде најдобро се гледа играта. Имаше и фантастични тренери додека беше играч“, додаде Симеоне.