Дома Фудбал Овој двоец од Барса не го посакува Кутињо на „Ноу Камп“!

Овој двоец од Барса не го посакува Кутињо на „Ноу Камп“!

Барселона игра одлично оваа сезона, но сепак и понатаму овој клуб има огромна желба да го доведе Фелипе Кутињо.

Познато е дека Барселона се обидуваше да го доведе Кутињо во текот на целото лето, но Ливерпул не попушти, па Кутињо остана на „Енфилд“, а највисоката понуда која пристигна на адреса на „црвените“ изнесуваше дури 130 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак во Барселона не се сите воодушевени од тоа што овој клуб толку многу го посакува Кутињо. Имено, „Dairio Gol“ пренесува дека Андрес Иниеста и Иван Ракитиќ сметаат дека Бразилецот во овој момент не е потребен.

Наводно, овој двоец на Каталонците верува дека Серхио Роберто, Денис Суарез и Андре Гомеш се доволни за стабилен среден ред на Барселона во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…