Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека Челзи во зимскиот преоден рок сака да донесе двајца хрватски репрезентативци, а станува збор за Марсело Брозовиќ од Интер и Милан Бадељ од Фиорентина.
Наводно Бадељ е прв избор на Антонио Конте и ќе направи се за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок, најверојатно како замена за Цеск Фабрегас.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Хрватот е спремен да ја напушти Фиорентина, а покрај Челзи за него силен интерес покажува и Милан, кој сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.
Другата трансфер цел на Конте во јануари ќе биде Марсело Брозовиќ кој оваа сезона не е стандарден во Интер и не е во добри односи со тренерот Де Бур.