Милан покажа голем интерес за Жоао Феликс (25), информираше инсајдерот на „Скај“, Флоријан Плетенберг. „Калчомеркато“ додава дека Челси не е подготвен да го пушти напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната бидејќи го смета за важен дел од својот тим. Тренерот Енцо Мареска го искористи во 19 натпревари оваа сезона (941 минута), во кои тој постигна седум гола и оствари две асистенции.
Милан подготвува нова понуда според која Феликс би дошол на позајмица во траење од 18 месеци, по што Италијанците би имале можност да го откупат летото 2026 година за околу 35 милиони евра.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Според податоците на „Трансфермаркт“, Феликс е петтиот најскап фудбалер во историјата. Атлетико Мадрид го доведе од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра, но португалскиот репрезентативец не го оправда огромниот износ. Тој одигра 131 натпревар, постигна 34 и асистираше за 18 гола за Атлетико, кој го имаше на позајмица во Барселона и Челси.