Јувентус е во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако пропадна трансферот на Араухо сега се насочува кон Фикајо Томори од Милан.
27-годишниот Англичанец отпадна од стартниот тим под водство на Пауло Фонсека, но со новиот тренер се врати во стартниот тим.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сепак, оваа сезона не игра на препознатливото ниво, па поради тоа Милан е спремен да слушне понуди за него.
Преговорите се во тек и Јувентус понудил 5 милиони евра за позајмица плус 25 милиони евра на лето за задолжителен откуп.