Евертон веќе ги прекрши правилата за трошење на средства во англиската Премиер лига, но сепак, и покрај губење на осум бодови, остана во тоа натпреварување.
Ливерпулскиот тим првично беше казнет со одземање на два бода поради прекумерно трошење во трогодишен период, по што беше казнет со уште шест бодови за кршење на ограничувањата за трошење.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Независната регулаторна комисија која им одзеде два бода на “карамелите”, одложи дел од казната која се однесува на каматите за новиот стадион. Откажувањето на делот од казната му овозможи на Евертон да достави повеќе информации за своето сметководство.
Денес тие изјавија дека клубот ги разрешил сите неправилности, што беше потврдено и од Премиер лигата.
Премиер лигата и Евертон во заедничко соопштение наведоа дека клубот нема да сноси понатамошни последици во врска со периодот на крајот од сезоната 2022/23.
“По разгледување на дополнителни информации и документи детално поднесени од страна на клубот, Управниот одбор на Премиер лигата одлучи дека не би било соодветно ниту пропорционално да се продолжи со другиот дел од жалбата. Клубот и лигата се согласуваат дека со тоа се завршуваат сите постапки помеѓу лигата и клубот во врска со правилата за профит и одржливост за финансиските години кои завршија на 30 јуни 2022 и 30 јуни 2023 година”, пишува во соопштението.
Евертон е на 16-то место на табелата на Премиер лигата со 17 бодови.