Страшна трагедија се случи во Америка, поточно во Филаделфија, каде што беше убиен младиот талентиран кошаркар Ное Скури, кој имаше само 17 години.
Скури беше ѕвезда на средношколскиот тим во училиштето Самуел Фелс, а беше убиен токму на пат кон училиштето. Според американските медиуми, сè се одвивало во близина на куќата на Скури, а во кобниот момент бил со неговата мајка.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Мајката видела сè што се случило и сведочеше на ужасните сцени откако нејзиниот син беше убиен со огнено оружје.
Неофицијални извори на Fox велат дека на убиството му претходеше снимање на спот за рап песна, кој се појави еден ден претходно, а на него се гледа Скури во маска на Џокер како држи оружје. Видеото покажува и други луѓе како играат покрај него, исто така држејќи и покажувајќи оружје.
Од полицијата соопштија дека пукањето се случило во 7 часот утрото во вторник, а било испукано околу 20 куршуми.
Портпаролката на полицијата во Филаделфија, Моник Бракстон, го опиша Скури како одличен студент спортист, а директорот, кошаркарскиот тренер и целата училишна заедница беа потресени.
Во писмото испратено до семејството на убиениот Скури, директорот на училиштето наведе дека Скури неодамна постигнал најдобар резултат на тестовите во училишната заедница.
„Овој убиен тинејџер беше извонреден. Што се однесува до училиштето, немаше никакви проблеми помеѓу оваа убиена личност и било кој друг ученик. Ни тие не знаат ништо што се случува во заедницата“, рече Бракстон.
.17-year-old high school basketball star Noah Scurry who had the highest SAT score in his graduation class was killed in Philly a day after he dissed his opps in his first-ever rap video. pic.twitter.com/SFv9E0ku2r
— SAY CHEESE! 👄🧀 (@SaycheeseDGTL) January 16, 2025