Нова победа за Денвер, петта во последните шест меча, со што изгледа дека ја зголемуваат формата и наскоро треба да се очекува да бидат на врвот на Западот.
Најважно е тоа што останатите играчи започнаа да играат подобро отколку на почетокот на сезоната, повеќе не е потребно Јокиќ да игра на највисоко ниво и да троши максимум енергија на секој натпревар.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Овој пат настрада екипата на Мајами со 133:113, а Јокиќ повторно имаше трипл-дабл. На крајот заврши со 24 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Џамал Мареј ја продолжи добрата серија, вечерва постигна 30 поени, додаде 7 скокови и 8 асистенции.
Инаку, Јокиќ уште пред последната четвртина имаше трипл-дабл.
Од другата страна, Тајлер Хиро постигна 22 поени, се врати и Џими Батлер кој запиша 18 поени, а фантастичен беше Никола Јовиќ со 16 поени, 4 скокови и 4 асистенции.
Денвер сега има резултат 25-16 и е четврти тим на Западот, додека Мајами е деветти на Истокот и има изедначен учинок, 20-20.
.