Дома Фудбал Мијатовиќ жестоко го критикуваше, Анчелоти го брани: Завршува одлична работа

Мијатовиќ жестоко го критикуваше, Анчелоти го брани: Завршува одлична работа

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти тврди дека францускиот фудбалер Орелијан Чуамени завршува одлична работа на местото стопер и дека критиките кои ги добива се целосно неосновани.

Чуамени е жртвуван во Реал Мадрид на местото стопер. Францускиот играч за врска е принуден да ја игра оваа позиција поради бројните повреди кои ги снајдоа „Кралевите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тој доби огромни критики за своите настапи. Меѓу нив е и таа од Предраг Мијатовиќ.

„Морате да кажете каква е состојбата. Чуамени не ми е уверлив ни како стопер, ни како играч за врска.“

„Тоа е играч кој стигна со одредени очекувања и кој играше многу добро во Франција, но Реал му стана малку преголем.“

„Еден ден е играч за врска, а другиот стопер. Го немаме ни на една од тие позиции“, зборовите се на Мијатовиќ.

Карло Анчелоти не го дели неговото мислење. Тој тврди дека Французинот одлично си ја завршува работата..

„Чуамени? Јас сум уверен дека завршува добро работа како стопер. Статистиката така кажува иако тоа не е неговата позиција. Кога Алаба ќе биде подготвен, Чуамени ќе се врати на својата позиција“, рече Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се решава на судбината на Асенсио? Подготвена понуда од 15 милиони евра

Астон Вила е на работ да го осигура потписот на Марко Асенсио од Парис Сен-Жермен, а клубо…