Дома Фудбал Изненадувачки трансфер на повидок: Фудбалер на Црвена Звезда пред преселба во Серија А

Изненадувачки трансфер на повидок: Фудбалер на Црвена Звезда пред преселба во Серија А

ФК Црвена звезда изненадувачки најверојатно ќе остане без одбранбениот Стефан Лековиќ. 20-годишниот стопер кој како што стојат работите ја продолжува кариерата во италијанската Монца.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот шампион Црвена звезда во последно време најавуваше одредени промени во тимот, но заминувањето на Стефан Лековиќ не беше на прво место.

20-годишниот стопер имаше понуди од Шпанија. Тие беа одбиени бидејќи Владан Милојевиќ планираше овој фудбалер во вториот дел од сезоната да го заземе местото во централна одбрана од Насер Џига кого го бараат тимови од Англија.

Сепак, Лековиќ во вториот дел од сезоната нема да го носи црвено-белиот дрес. Талентираниот стопер наскоро треба да го комплетира трансферот во Италија.

Според информациите од Србија, Лековиќ договорил соработка со Монца, а Звезда одлучи да го пушти на позајмица до крајот на сезоната.

Италијанскиот клуб ќе има можност за откуп на договорот за два и пол милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од к…