Роналд Араухо сепак одлучи да ги прекине преговорите со Јувентус и го прекрши договорот со “старата дама”, бидејќи ќе остане во Барселона!
Сите реномирани извори од Каталонија и Европа, Фабрицио Романо, Матео Морето, Тони Хуанмарти и Фернандо Поло потврдија идентични информации – Араухо останува и ќе остане уште многу години во Барселона!
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Да започнеме по ред. Каменот на сопнување ги направија, ниту повеќе ниту помалку, агентите на Араухо. Се испостави дека тие не му пренесувале ништо на Уругваецот за понудите на Барса за обновување на договорот, а Жоан Лапорта и Деко го сфатиле тоа кога одеднаш соопшти дека сака да замине.
Тогаш воспоставија личен контакт со Араухо, а Деко одигра клучна улога. Наводно, во четири очи му ја презентираше комплетната понуда, која е зголемена и го става во центарот на проектот во наредните години. Араухо почувствувал дека е запоставен откако за време на неговото опоравување “експлодираа” Пау Кубарси и Ињиго Мартинез, но јасно е дека Араухо е посебна димензија на цврстина во одбраната на Барса.
Тој му порачал на Деко дека ќе остане, и му се заблагодари на Јувентус за понудата, како и на Тиаго Мота со кој имал исто така лични контакти во изминатите денови.