Дома Останати Кошарка Драмата продолжува: Батлер не сака да игра за Мајами

Драмата продолжува: Батлер не сака да игра за Мајами

Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер, изјави дека сака да замине од тимот.

Веќе е добро познато дека Џими Батлер сака да биде трејдуван од Мајами и оваа сага трае неколку месеци и изгледа дека нема да заврши наскоро.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Батлер јавно побара да биде трејдуван од Мајами, но првиот човек на Хит, Пет Рајли, порачал дека од тој договор нема да има ништо.

Според извештаите на „ЕСПН“ и Шемс Чаранија, откако на Батлер му истекна суспензијата од седум натпревари (точно истекува во четврток), тој е подготвен да се врати во тимот, но само на хартија.

Во вторникот беше одржан состанок помеѓу Џими Батлер и неговите претставници со луѓето од Мајами под водство на “Кумот” Пет Рајли и на тој состанок Батлер јасно кажал дека не сака да биде дел од тимот.

Повторно побарал да биде трејдуван и истакнал дека не е подготвен да потпише нов договор со нив, туку дека ќе замине летово како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клубови од Лос Анџелес донираа осум милиони евра на жртвите од пожарите

Дванаесет професионални спортски клубови од Лос Анџелес заеднички донираа осум милиони дол…