Дома Фудбал Ѕвездите кренале глас против Анчелоти, па тренерот донел радикална одлука

Ѕвездите кренале глас против Анчелоти, па тренерот донел радикална одлука

Неколку фудбалери на Реал Мадрид му го свртеа грб на тренерот Карло Анчелоти, а Италијанецот потоа одлучи да направи сериозни промени во тактиката, посебно за големите натпревари, а поради тоа „настрада“ несреќниот Родриго.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тешкиот пораз од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија (5:2) уште не е прифатен од одредени играчи на Реал Мадрид, кои одлучија да се побунат против методите на работа на Карло Анчелоти.

„Релево“ открива дека постои група незадоволни играчи во соблекувалната. Тие тврдат дека Италијанецот е строг кон нив, додека кон други е многу благ.

„Некои фудбалери на Реал Мадрид не се задоволни од Карло Анчелоти. Сметаат дека е благ кон некои играчи, а кон други е многу остар“, наведува „Релево“.

Шпанскиот медиум не ги откри имињата на играчите кои покажале незадоволство, но се претпоставува дека меѓу нив се младите Арда Гулер и Ендрик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…