Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па нема да жалат пари за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шефот на Саудиската Про лига, Омар Мугарбел,изјави дека наскоро ќе започнат преговорите и е уверен дека ќе успеат да го убедат Винисиус.
„Ние не сонуваме, тоа е прашање на време“, истакна тој.
Бразилецот може да добие договор вреден повеќе од 1 милијарда евра, но Реал се надева дека сепак ќе пресудат спортските амбиции на фудбалерот за да остане во Мадрид.