Дома Фудбал Ибрахимовиќ отворено: Се огласи и за Рашфорд!

Ибрахимовиќ отворено: Се огласи и за Рашфорд!

Советникот за спортски прашања во Милан, Златан Ибрахимовиќ, изјави дека не било грешка ангажирањето на тренерот Паоло Фонсека и дека Тео Ернандез изразил желба да остане во клубот.

Милан кон крајот на декември го отпушти Фонсека и на негово место го донесе некогашниот тренер на Порто Сержо Консесао, кој пред седум дена го освои Суперкупот на Италија, но пред две ноќи во својот прв лигашки натпревар направи грешка, откако Милан изигра нерешено 1:1 со Каљари.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Фонсека беше вистинскиот избор кога летоска ја донесовме одлуката за нов тренер. Резултатите, сепак, не беа најдобри, но сме му благодарни за сè што направи. Консесао за кратко време покажа колку е добар и играчите веќе го прифатија, а не одведе и до Суперкупот на Италија“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој потоа се осврна на статусот на еден од најдобрите играчи на тимот, Тео Ернандез, кој е на мета на голем број клубови.

„Како и останатите играчи, Тео сака да остане во клубот. Што се однесува до тоа, ситуацијата не е воопшто комплицирана и сè е под контрола“, додаде Швеѓанецот.

Тој исто така ги прокоментира и шпекулациите за ангажирањето на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

„Играв со него во Јунајтед, но тогаш беше дете, а сега е возрасен човек. Може да ги покрие сите позиции во нападот, но сè уште не сме разговарале со него. На секој би му била чест да игра за Милан“, заклучи популарниот Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити прокоцка победа, Челзи се спаси од пораз

Сити продолжи со лошите резултати и ремизираше против Брентфорд, а Челзи дефинитивно е во …