Дома Фудбал Олмо испрати порака до навивачите на Барсeлона и ги воодушеви (Фото)

Олмо испрати порака до навивачите на Барсeлона и ги воодушеви (Фото)

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија. Во финалето на Ел Класико го победи Реал Мадрид со огромни 5:2 и така стигна до својот прв трофеј оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал ги постигна првиот и последниот гол на мечот, а стрелци беа Мбапе и Родриго. За Барселона, два гола постигна Рафинја, а по еден додадоа Ламине Јамал, Роберт Левандовски и Балде. По црвениот картон на голманот Војчех Шчесни, Германецот на клупата на Барселона реши да направи измени, а во игра влегоа голманот Инаки Пена, кој го замени Гави, и Дани Олмо наместо Јамал.

Барселона со играч помалку не успеа значајно да се закани на голот на Реал, па така и Олмо не можеше многу да направи, но поранешниот играч на Динамо ги воодушеви навивачите на Барса со гестот кој го направи на теренот. Олмо во еден момент го бакна грбот на Барса и со прстите покажа надолу, гестикулирајќи дека сака да остане во својот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…