Денвер Нагетс победија со 112:101 на гости кај Далас, иако домашните имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Ирвинг, водеше со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на тој период Нагетс ја намалија негативата на 10 поени (89:79), а за неполни три минути игра во последниот дел од натпреварот целосно ја анулираа предноста на домаќините (91: 91).
Гостите потоа тргнаа во серија од 11:2 до крајот на натпреварот и на крајот остварија убедлива победа. На Никола Јокиќ му недостасуваше уште една асистенција за уште еден трипл-дабл.
Српскиот центар на Нагетс натпреварот го заврши со 19 поени, 18 скока и девет асистенции. Расел Вестбрук додаде 21 поен, 10 скока и седум асистенции, а Џамал Мареј постигна 17 поени во новата победа на Денвер.