Дома Трансфер зона Милан фаворит за потписот на Вокер

Милан фаворит за потписот на Вокер

Како „бомба“ одекна веста дека капитенот на Манчестер Сити, Кајл Вокер побарал да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гвардиола потврди дека Вокер побарал од клубот да замине, бидејќи сака нова авантура во друга држава и во друг шампионат.

Според Телеграф, фаворит за потписот на 34-годишниот играч е Милан, од каде се уверени дека ќе успеат да го привлечат. Се уште не е пристигната понуда за Вокер, чиј договор истекува за година и половина, но Росонерите веќе започнале преговори.

Според италијанскиот новинар Матео Морето, клубот има намера да го земе бесплатно, нудејќи му високо платен договор. Нивниот интерес за англискиот репрезентативец не е изненадувачки со оглед на истекот на договорот на нивниот капитен Давиде Калабрија, и неубедливите настапи на летното засилување Емерсон Ројал.

Интересно, гигантот од Милано преговара и со Манчестер Јунајтед околу трансферот на Маркус Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…