Јавноста во Англија на големо шпекулира за тоа кој би можел да ја преземе клупата на Евертон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Евертон по поразот од Арсенал, падна на 18. позиција со само осум бодови во девет одиграни кола, а данокот за лошите резултати го плати Роналд Куман за чиј наследник на „Гудисон Парк“ се трага.
Би-Би-Си пренесува дека во игра за менаџерската фотеља е и Фил Невил. 40-годишниот Невил своевремено за клубот од Ливерпул одигра повеќе од 250 натпревари, а кога е во прашање тренерската кариера, самостоен ангажман се’ уште немал. Претходно како помошник работеше во Манчестер Јунајтед и Валенсија.
Невил како што се наведува остварил разговор со раководството на Евертон и во следните денови, би требало да биде познато дали ќе добие шанса да го предводи овој клуб.
Како што објавивме во текот на вчерашниот ден, за оваа позиција во трка е и легендата на Манчестер Сити, Рајан Гигс.