Дома Фудбал Спектакуларниот гол на Арнолд во победата на Ливерпул (Видео)

Спектакуларниот гол на Арнолд во победата на Ливерпул (Видео)

Во рамките на третото коло на англискиот ФА Куп, Ливерпул ги одмери силите со четвртолигашот Акрингтон Стенли (4:0).

Во 29-та минута, „Црвените“ го отворија резултатот со голот на Диого Жота. Дарвин Нуњез му ја додаде топката, а Португалецот беше сосема сам и немаше тежок предизвик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред самиот судиски свиреж за крај на полувремето, Трент Александр-Арнолд се појави со потегот на натпреварот. Од околу 20-ина метри упати преубав удар и одлично го матираше голманот.

Во второто полувреме и четвртолигашот Акрингтон Стенли имаше неколку обиди, при што се издвојува ударот кој погоди пречка од Џош Вудс во 57-та минута.

Но, во 76-та минута младинецот на Ливерпул, Џејден Дан се зголеми на 3:0, само четири минути откако влезе во игра, додека во последните моменти од натпреварот конечните 4:0 ги постави Федерико Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер е незадоволен: На лето може да замине од Челси?

Фудбалерот од првиот тим на Челзи, Кол Палмер, изразил незадоволство од својата ситуација …