Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор одлучи во средината на сезоната да ја напушти АБА 2 лигата!
Српскиот клуб ја донесе оваа шокантна одлука откако обезбеди пласман во Топ 8 фазата на натпреварувањето, како првопласиран во својата група. Тимот од Сомбор беше пред екипите на Подгорица, Широки Бријег и Пелистер.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Им благодариме на клубовите од АБА лигата и АБА лига 2 за професионалната, фер и коректна соработка, поради вонредните околности кои го спречуваат клубот КК Џокер да се натпреварува до крајот на сезоната. Џокер ја извести Управата на АБА лигата со официално писмо, испратено на 9 јануари. Клубот објави дека е принуден да се повлече од натамошното учество во АБА 2 лигата во сезоната 2024/25″, се наведува во соопштението на лигата.
Во согласност со официјалните правила на ФИБА и прописите на АБА лигата, сите натпревари на Џокер од првата фаза на натпреварувањето ќе бидат регистрирани со службен резултат 20:0 во корист на нивните противници.
Podgorica Bemax replaces Joker in the Top 8 of the NLB #ABALiga2 season.
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) January 9, 2025
🔗: https://t.co/NAsKCN8Oa0 pic.twitter.com/AxkwlbcqG8