Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов (20) ќе се придружи на Манчестер Сити во трансфер вреден 50 милиони евра, а во редовите на Граѓаните треба да премине и Египќанинот Омар Мармуш (25).
Младиот 20-годишен стопер на Ленс ги договори личните услови со Граѓаните, а наскоро и клубовите би требало да го потврдат трансферот на фудбалерот кој го посакуваше и Реал Мадрид.
🚨🔵 Манчестер Сити е во завршна фаза на договор со Абдукодир Хусанов! Пеп Гвардиола исто така даде зелено светло.
— Фабрizio Романо (@FabrizioRomano) January 10, 2025
Како што ексклузивно беше откриено пред 10 дена, тој е главната цел и договорот со РЦ Ланс е во последни фази.
Хусанов ги договори личните услови бидејќи сака да се пресели. 🇺🇿 pic.twitter.com/NuFFbYp6Bt
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Пеп Гвардиола сака да го искористи зимскиот трансфер прозорец за да го врати тимот на Манчестер Сити на вистинскиот пат, и ќе донесе нови засилувања за да ја реконструира екипата.
Во исто време, египетскиот напаѓач Омар Мармуш ги договори личните услови за премин од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити во трансфер вреден 80 милиони евра.
🚨🆕 Манчестер Сити и Омар #Мармуш постигнаа целосен вербален договор! Личните услови се сите договорени!
— Флориан Плетенберг (@Plettigoal) January 9, 2025
25-годишниот врвен напаѓач сака да се пресели во #MCFC веднаш, каде тој е моментално број еден цел.#SGE е информиран. Очекуваат првата понуда од Англија… pic.twitter.com/naoQyThTPH
Како што објави угледниот германски новинар Флориан Плетенберг, одличниот Египќанец ќе премине веднаш во редовите на Граѓаните откако клубовите постигнат конечен договор.
Мармуш оваа сезона во Германија постигна 18 голови со 11 асистенции, додека 20-годишниот репрезентативец на Узбекистан, Хусанов, се покажа како еден од најдобрите дефанзивни играчи оваа сезона и во него во Сити гледаат голема перспектива.