Дома Фудбал Роналдо го напушта Ал Наср и се враќа во поранешен клуб!?

Роналдо го напушта Ал Наср и се враќа во поранешен клуб!?

Легендарниот Португалец Кристијано Роналдо (39) од 1 јануари може да преговара со кого сака. Влезе во последните шест месеци од договорот со Ал Наср, а медиуми како шпанската „Марка“ велат дека постои можност по две години Роналдо да ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо стигна во Саудиска Арабија од Англија, откако на лош начин се раздели со Манчестер Јунајтед, а „Марка“ спомнува дека пред неговиот 40-ти роденден би сакале да го донесат клубови од американската МЛС, но засега не е прецизирано кои. Исто така, страницата „Трансфермаркт“ дава околу 60 отсто можност Португалецот да се врати во својот матичен клуб, Спортинг.

Роналдо сака да биде првиот фудбалер во историјата што постигнал 1,000 голови во официјални натпревари. Тоа е една негова цел, додека вториот сон е тој што оваа година го оствари Леброн Џејмс, а тоа е да игра со својот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато за Барселона – Ова се трите спектакуларни кандидати за замена на Полјакот!

Иако Левандовски во изминатите сезони беше еден од најважните играчи на каталонскиот гиган…