Дома Фудбал Жестоки критики за ѕвездата на Милан: Тој е фолирант и нула од играч!

Жестоки критики за ѕвездата на Милан: Тој е фолирант и нула од играч!

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леау, му одговори на новите критики од некогашниот италијански репрезентативец Антонио Касано.

Касано, по финалето на Суперкупот на Италија, во кое Милан го победи Интер по пресврт, рече дека Леау не е доволно добар за да игра за седумкратниот европски првак.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Леау не знае како да игра тимски и Консеисао наскоро ќе сфати дека е нула од играч и фолирант“, изјави Касано во гостување на една емисија на „Тикток“.

Португалецот, кој против Интер влезе во игра во 50-та минута и му асистираше за победничкиот гол на Тами Абрахам, на својот профил на X, ја прокоментира изјавата на Касано нарекувајќи го кловн.

Новиот тренер на Милан, Сержо Консеисао, го пофали Леао по освојувањето на Суперкупот, но и напомена дека има уште неколку работи на кои експлозивното крило треба да работи.

„Леау е феномен, и доколку промени уште неколку работи, ќе биде еден од најдобрите играчи во светот до крајот на сезоната“, изјави Консеисао.

Касано не првпат критикува Леао, имајќи предвид дека го постави под знак прашање неговото залагање и квалитетот по натпреварот меѓу Милан и Дортмунд во Лигата на шампионите, кој заврши без голови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…