Дома Останати Кошарка Вознемирувачка сцена во НБА: Кошаркар на Орландо плачеше како мало дете (Видео)

Вознемирувачка сцена во НБА: Кошаркар на Орландо плачеше како мало дете (Видео)

Кошаркарите на Орландо Меџик го победија Торонто Репторс, но натпреварот остана во сенка на страшната и вознемирувачка повреда на Џален Сагс.

Имено, пред крајот на втората четвртина, при резултат 58:41 за Орландо и за време на нападот на Торонто, Сагс падна на паркетот и почна да се превиткува и да плаче од болка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кошаркарот се фати за грбот и веднаш беше јасно дека ситуацијата е сериозна, бидејќи околу него немаше никого, туку самиот се сруши.

Лекарите итно реагираа и на крајот Сагс беше изнесен од теренот во количка. Вознемирувачките фотографии и снимки ја обиколија планетата.

Инаку, натпреварот после оваа страшна сцена продолжи, а Орландо извојува победа со резултат 106:97.

Во победничкиот тим, најдобар беше Тристан Да Силва со 25 поени. Исто толку постигна и најефикасниот играч на Торонто Јакоб Поелтл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…