Дома Фудбал Салах и дефинитивно го напушта Ливерпул

Салах и дефинитивно го напушта Ливерпул

Легендарниот Мохамед Салах (32) потврди во разговор за „Скај Спорт“ дека ова му е последната сезона во Ливерпул.

Секоја љубов има крај, па така и оваа меѓу Мохамед Салах и Ливерпул. Египќанецот објави дека ќе замине на крајот од сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во разговорот со медиумот истакна дека преговорите за продолжување на соработката се прекинати и верува дека тоа е завршена приказна, но сака да замине како шампион на Англија.

„Навистина сакам да ја освојам Премиер лигата оваа сезона, бидејќи ова ми е последната сезона во клубот. Сакам да му дадам нешто посебно на овој град“, изјави Салах, а на прашањето за преговорите за нов договор рече:

„Засега е така. Далеку сме од каков било напредок во преговорите, а имам уште шест месеци договор“, истакна Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: На „Енфилд“ вчера бил исфрлен навивач во инвалидска количка!

Навивач на Ливерпул беше отстранет од натпреварот на „Енфилд“ откако изрекол расни навреди…