Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се огласи по шокантниот пораз (Фото)

Ѓоковиќ се огласи по шокантниот пораз (Фото)

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, испрати порака до Рајли Опелка, американскиот тенисер, откако токму тој му нанесе пораз во четвртфиналето во Бризбејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Неверојатен тенис, Рајли. Апсолутно заслужено. Многу среќа“, напиша Ѓоковиќ, кој се соочи со пораз каков што немал последните 20 години.

Ова е само втор пат во кариерата кога Новак Ѓоковиќ губи од играч под 250. место на АТП листата – претходно загуби од Филип Крајиновиќ во 2010 година (319. место).

Последниот играч што беше пониско рангиран од Опелка, а забележа победа против Новак е Меле ван Гемерден, кој во 2004 година на ИТФ турнирот во Унгарија го совлада Ѓоковиќ од 569. позиција.

Ѓоковиќ ќе мора уште да причека на можноста за освојување на јубилејниот стоти трофеј во кариерата..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…