Дома Кошарка Јокиќ веќе постигна 15.000 поени во НБА – од него побрз беше само еден легендарен центар!

Јокиќ веќе постигна 15.000 поени во НБА – од него побрз беше само еден легендарен центар!

Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на планетата и тоа им е јасно на сите. Доминира во најсилната лига на светот, играјќи си со противниците, а тоа го почувствува и Јута бидејќи Денвер победи во гостување (132:121). Српскиот центар на тој натпревар забележа трипл-дабл (36, 22ск, 11ас) и тоа не е се!

На натпреварот против Јута, Јокиќ влезе во историјата. Постигна 15.000 поени во кариерата и тоа пред својот 30-ти роденден. Така стана вториот најбрз центар кој ја премина оваа бројка уште од Шекил О’Нил. Да потсетиме, Никола дојде во Денвер во 2015 година.

Ќе треба Јокиќ да продолжи со одлични поентерски натпревари за да влезе и меѓу најдобрите 50 по број на поени. Моментално на 50-тото место е Том Чејмберс (20.049 поени). Ако продолжи вака, нема сомнение дека ќе продолжи да пишува историја.

Јокиќ оваа сезона просечно бележи 31 поен, 12,9 скокови и 9,5 асистенции по натпревар. Иако некои поединци се обидуваат да го „симнат“ од врвот и да ја намалат неговата фантастична сезона во трката за МВП признание, тој покажува зошто е најдобар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал ја решета Црвена звезда: 17 тројки и убедливи 105-84 во Мадрид!

Реал Мадрид постигна 38 поени уште во првата четвртина и ја совлада Црвена звезда со 105-8…