Дома Останати Кошарка Марковски добил отказ зашто не му дал на синот на газдата да игра цели натпревари!?

Марковски добил отказ зашто не му дал на синот на газдата да игра цели натпревари!?

Легендарниот македонски кошаркарски тренер, Заре Марковски, неодамна ја заврши својата соработка со италијанскиот прволигаш Пистоја, откако клубот донесе одлука да му врачи отказ.

Италијанските медиуми објавија дека причината за разделбата лежи во притисокот од сопственикот на клубот, Рон Роуен, кој инсистирал на необични и непрофесионални услови за игра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според извори блиски до клубот, Роуен барал неговиот син Маверик да игра целосни 40 минути на секој натпревар, освен доколку не добие пет лични грешки.

Иако Марковски го почитувал барањето во голем дел, минутажата на младиот Роуен на последните шест натпревари сепак варирала, од 32 до 38 минути, со исклучок на дуелот против Скафати, кој заврши во продолженија, кога Маверик одиграл 45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 го…