Дома Фудбал Модриќ е минато: Реал купува засилување од 100 милиони евра

Модриќ е минато: Реал купува засилување од 100 милиони евра

Реал Мадрид се навикнува на живот без Тони Крос, додека се приближува денот кога и Лука Модриќ ќе се пензионира поради што е интензивирана потрагата по врвен играч на средината. Најновиот кандидат да го замени Германецот и Хрватот доаѓа од Премиерлигата и ќе чини 100 милиони евра.

Според порталот „Фичајес“, Алексис Мек Алистер, аргентинскиот играч за врска на Ливерпул, го привлече вниманието на Реал поради импресивните настапи во моментално најдобрата екипа во светот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Аргентинецот, една од истакнатите фигури на „Црвените“ во досегашниот дел од сезоната, сега е на радарот на шпанскиот клуб како потенцијално решение за отстранување на проблемите во средниот ред.

Играчот за врска се приклучи на Ливерпул по одличните настапи во Брајтон игра многу добро и на „Енфилд“. Неговата способност да диктира игра, да враќа посед и неговата тактичка дисциплина го прават многу важна алка за моментално најдобрата екипа во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Мбапе на чекор до рекорд на Роналдо

Килијан Мбапе е на чекор да сруши рекорд за кој многумина мислеа дека е несрушлив. Ако го …