Дома Фудбал Киеза пред враќање во Италија – ќе се бори и за Скудето?

Киеза пред враќање во Италија – ќе се бори и за Скудето?

Федерико Киеза нема доверба кај Арне Слот поради што не ја исклучува можноста за враќање во Италија.

Многу извори од Апенините открија дека Италијанецот ги разгледува опциите, а на прво место е – Наполи!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Антонио Конте смета дека Киеза може да биде од големо значење во борбата за титулата во Серија А, и е подготвен да го доведе на заем до крајот на сезоната.

Киеза никако не се снајде по доаѓањето во Англија, се мачеше и со повреди, а потоа запиша само четири настапи, од кои два во Лига купот.

Ако се погледне неговото вкупно време на терен, помина само 123 минути, забележа една асистенција.

Италијанецот е свесен дека е само шести избор во напаѓачката линија и дека ќе го помине поголемиот дел од натпреварите на трибините или на клупа.

Ќе потсетиме тој летово пристигна од Јувентус за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симонс ќе игра против Баерн Минхен, па го прави трансферот на кариерата

Доколку не дојде до пресврт, планот е Чави Симонс да ја започне средбата за РБ Лајпциг про…