Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели крајот на октомври пристигна во Џенова како слободен агент, но наскоро би можел да го напушти овој клуб. Наредните денови се клучни за неговата иднина во тимот од „Мараси“.
„Газета дело спорт“ пишува дека Балотели има понуда од мексиканскиот Круз Азул и би можел да го раскине договорот со „грифоните“ за да го напушти европскиот фудбал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Балотели не се наигра од кога пристигна, а и клубот е во еден вид транзиција бидејќи се очекува да дојде нов сопственик…
Затоа заминувањето е веројатно реална опција, посебно што Круз Азул му понудил на Балотели годишна плата од два милиони евра. Во Џенова според договорот би заработил пет пати помалку до крајот на сезоната.
Балотели во дресот на Џенова одигра само 62 минути, а познато е дека не е во добри односи со тренерот Патрик Виера од порано.
Овој напаѓач во текот на кариерата играше за бројни клубови, од Интер и Манчестер Сити преку Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, па до Бреша, Монца, Адана и Сион.
За репрезентацијата на Италија на 36 натпревари постигна 14 голови.