Дома Фудбал Реал Мадрид направи план за зимскиот преоден рок

Реал Мадрид направи план за зимскиот преоден рок

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид, иако има застрашувачки силен тим, не игра баш најдобро оваа сезона.

„Кралскиот“ клуб кој летото се засили со доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на планетата, Килијан Мбапе, е втор на табелата на шпанската Ла Лига со еден бод помалку во однос на лидерот Атлетико Мадрид, додека во Лигата на шампионите на два кола пред крајот на групниот дел на натпреварувањето се наоѓа на 20. место со само девет освоени бодови, па сè уште нема обезбедено ни место во баражот на елитното натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Реал верува во постоечкиот играчки кадар, па одлучија да не излегуваат на пазарот за трансфери во јануарскиот преоден рок.

Се очекува искусниот Карло Анчелоти да ја доведе екипата во вистинска форма како што ќе напредува сезоната, а целта е да ги одбранат трофеите во Шпанија и Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Аморим се најголемите губитници на летото, но клучната одлука за јануари е донесена

Раководството на Манчестер Јунајтед не успеа последниот ден да ги исполни сите барања на т…