Дома Фудбал Пикфорд направи урнебесен потег пред да му одбрани пенал на Халанд (Видео)

Пикфорд направи урнебесен потег пред да му одбрани пенал на Халанд (Видео)

Манчестер сити и Евертон одиграа 1:1 во 18. коло на Премиер лигата. Двете екипи освоија по еден бод откако натпреварот заврши со нерешен резултат од 1:1.

За домаќините погоди Бернардо Силва, додека за гостите стрелец беше Ндиаје. Во 51. минута Витали Миколенко направи прекршок врз Савињо, кој резултираше со пенал, а две минути подоцна Ерлинг Халанд се обиде да го претвори во гол.

На несреќа на домашните навивачи, Џордан Пикфорд го одбрани ударот. Во продолжението на акцијата Норвежанецот постигна гол, но од недозволена позиција па резултатот остана 1:1. Англискиот голман почна да прави гримаси пред пеналот на Халанд за да му ја одземе концентрацијата на противникот и се чини дека успеа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија ја сочува победата во Штип: Ѓорѓиевски стрелец, Гаје последна пречка

Шкендија ја совлада Брегалница со 2-1, а пресудната одбрана на Гаје дојде од пенал во суди…