Дома Фудбал Перез смета дека го купил најдобриот фудбалер на светот: Тој ќе стане легенда на Реал Мадрид

Перез смета дека го купил најдобриот фудбалер на светот: Тој ќе стане легенда на Реал Мадрид

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е творец на најголемата фудбалска сила, каква што е Реал Мадрид. Овој 77-годишник потпиша со десетици големи играчи и го направи својот тим најдобар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перез како претседател на Реал направи најдобри можни потези, а посебно му се оддава признание за трансферите кои ја променија сликата на клубот.

Ретко кога ангажираше слободни играчи, но тоа веќе стана тренд во Мадрид. Перез на овој начин ангажираше едно од најголемите засилувања во поново време, а зборуваме за Килијан Мбапе кој летово пристигна од Париз.

Мбапе и самиот рече дека може многу повеќе, но дека го очекуваат неколку сјајни години во Мадрид. Со ова се согласи и Перез, кој изјави: „Мбапе ќе стане легенда на Реал, за тоа не се сомневам.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…