Дома Фудбал Спортинг експресно го отпушти наследникот на Аморим!

Спортинг експресно го отпушти наследникот на Аморим!

Жоао Переира повеќе не е тренер на фудбалерите на Спортинг, објави утрово клубот од Лисабон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Спортинг на социјалните мрежи објави дека ја раскинал соработката со Переира, кој имаше договор со клубот од Лисабон до јуни 2027 година.

Переира беше именуван за шеф на стручниот штаб на Спортинг на 11 ноември, а претходно беше тренер на резервниот тим на лисабонскиот клуб. Тој го замени Рубен Аморим на позицијата тренер на Спортинг, кој презеде Манчестер јунајтед.

Переира го водеше Спортинг на осум натпревари во сите натпреварувања и забележа три победи, едно нерешено и четири порази.

Клубот од Лисабон се наоѓа на второ место на табелата на португалското првенство со 37 бодови.

Португалските медиуми наведуваат дека новиот тренер на Спортинг би требало да биде Руй Боржес, кој во моментов е шеф на стручниот штаб на Виторија Гимараеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави може да биде „бомбата“ во Премиер лигата!

Челси ја продолжува потрагата по нов стратег, а сега како опција се појави Чави Ернандез. …