Дома Фудбал Нема одмор во Барселона: Флик му ги уништи празниците на Лапорта

Нема одмор во Барселона: Флик му ги уништи празниците на Лапорта

Време е за одмор, празници, поголемиот дел од Европа не игра фудбал, но зимскиот преоден рок е пред вратата. Затоа, раководствата на клубовите, тренерите и скаутите се целосно зафатени, со цел да ги подобрат тимовите во пресрет на продолжението на исклучително тешката и долга сезона исполнета со многу натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ја заврши паузата неуспешно, губејќи од Атлетико Мадрид со 1-2, а пред тоа и од Леганес. Каталонците се трети на табелата зад мадридските ривали, иако на почетокот од сезоната изгледаа незапирливо, но сега веќе не се толку самоуверени и конкретни.

Ова е јасно и за Ханси Флик и на Жоан Лапорта. Работите мораат да се „затегнат“ во наредниот период, а најважно е да се направи добар зимски трансфер период.

Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Флик изразил јасно барање за нови играчи. Би сакал да се засилат на позицијата среден и лев бек. Сепак, неговата желба нема да може да се оствари. Проблемот е финансискиот фер-плеј. Поради ова, Барселона сè уште не може да ги регистрира Данија Олма или Пау Виктора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…