Дома Останати Кошарка Решена мистеријата со телото на Тима – биле исплатени 60.000 евра

Решена мистеријата со телото на Тима – биле исплатени 60.000 евра

Телото на кошаркарот Јанис Тима конечно од Русија беше пренесено во Летонија.

Поранешниот репрезентативец на Летонија, Јанис Тима и кошаркар на многу европски клубови, си го одзеде животот во ноќта помеѓу 16 и 17 декември по разводот од сопругата Aна Седокова. Неговото тело беше една недела во мртовечница во Русија, а преносот на посмртните останки се искомплицира, бидејќи Летонија ги прекина сите односи со Русија од април 2022 година.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


– Утрово Јанис пристигна во Летонија. Ви благодарам на сите за помошта во транспортот и за големиот број изрази на сочувство – напиша неговата сестра Лелде Жендечка на социјалните мрежи.

Последното збогување со поранешниот играч на Басконија, Олимпијакос, Уникс, Химки, Зенит и Дарушафака ќе биде во крематориумот во Рига на 27 декември во 15.00 часот, соопшти семејството Тима.

Првата сопруга на Тима, Сана Оша изјавила дека Седокова не била вклучена во паричниот надоместок. Според неа, за четири часа луѓето собрале 60.000 евра за да ги покријат трошоците за транспорт на телото на Тима од Русија во Летонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …