Дома Фудбал Милевски седна на маса со Пандев и Омерагиќ: Репрезентацијата треба да биде над сите!

Милевски седна на маса со Пандев и Омерагиќ: Репрезентацијата треба да биде над сите!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и спортскиот директор на Национални селекции, Горан Пандев одржаа состанок во „Куќа на фудбалот“ со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

Oтворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Горан Пандев како спортски директор на Националните селекции и селекторот на нашата А репрезентација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Имавме отворен и пред се искрен разговор. Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација,изјави селекторот на А репрезентацијата, Благоја Милевски.

„Драго ми е што отворено разговаравме за тоа што може да биде подобро во иднина и дека заедно ќе се стремиме да одиме напред кон нови победи“, изјави Горан Пандев.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, додаде Горан Пандев. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …