Снегот што (не)очекувано падна во Белград во понеделник им донесе радост на најмладите, но и на кошаркарот на Црвена звезда Коди Милер Мекинтајер!
Американецот, после вечниот дерби против Партизан, ја заврши вечерта играјќи со навивачите пред Арената.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Неколку момчиња го бркаа Коди, кој бегаше зад автомобилите. Не се воздржуваа од „напад“, па го гаѓаа со топки снег, а им возврати и самиот кошаркар.
Што се однесува до самиот натпревар, кој Звезда го доби со резултат 89:84, Милер Мекинтајер постигна осум поени и по три скока и асистенции.