Дома Фудбал Манчестер јунајтед во јануари ќе потроши 75 милиони евра за напаѓач

Манчестер јунајтед во јануари ќе потроши 75 милиони евра за напаѓач

Манчестер Јунајтед повторно е во криза со резултатите, а сега повторно се шпекулира за неверојатно скап трансфер кој клубот би можел да го направи веќе во зимскиот трансфер период.

Ни по заминувањето на Ерик тен Хаг, на „Олд Трафорд“ не цветаат рози и овој тим се наоѓа во незавидна форма.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Во последниот натпревар во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на свој терен загуби од Борнмут со 0-3, што беше уште еден голем удар за навивачите на овој клуб.

Тимот се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со 22 освоени поени, што дефинитивно е понижувачко за „Црвените ѓаволи“.

Како што се навикнавме во изминатите години, кога не оди, а често не оди, сопствениците ја отвораат касата и реализираат скап трансфер.

Манчестер јунајтед сака да го засили нападот во јануари со нигериската гол машина, Виктор Осимен.

Тој летово неочекувано замина на позајмица од Наполи во Галатасарај, а веќе после половина година може повторно во петте најголеми лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона пронајде начин: Еве како ќе го реши проблемот со Олмо!

Дани Олмо (26) летово се врати во Барселона откако клубот го купи од Лајпциг за 55 милиони…