Во летото 2017 година, Нејмар ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ во трансфер кој е и денес најголем во историјата. Парискиот клуб плати на Барселона 222 милиони евра за да го доведе бразилскиот репрезентативец, а многумина тогаш се прашуваа зошто тој воопшто сакаше да ја напушти Барселона. За тоа сега зборуваше неговиот татко во еден подкаст.
Се зборуваше тие денови дека Нејмар сака да излезе од сенката на Лионел Меси, свесен дека никогаш нема да биде првата ѕвезда на клубот во којшто е аргентинскиот генијалец. Се пишуваше и дека мислел дека така полесно ќе дојде до Златната топка, која до денес не ја освоил и со оглед на годините и повредите ќе остане без неа. Таткото на фудбалерот сега тврди дека заминувањето на неговиот син не било финансиски мотивирано, туку дека ја напуштил Барселона за да избегне да стане тој кој ќе го преземе приматот од Меси.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
“Одлуката за заминување беше негова, тој сакаше во PSG. Бевме во тешка ситуација во Барселона, не знаевме што мисли раководството на клубот. Се чинеше дека во клубот сакаат тој да ја преземе улогата на Меси, а тој тоа не го сакаше. Реши да замине. Јас сакав да остане до последен ден, но тој сакаше да го напушти клубот за да не ја преземе позицијата на Меси и да стане најголемата ѕвезда на клубот”, зборуваше Нејмар сениор.
Нејмар играше во Барселона од 2013 до 2017 година. Со 105 голови и 76 асистенции во 186 натпревари, му помогна на клубот да освои една Лига на шампиони, две Ла Лиги и осум трофеи вкупно. Од минатата година е член на Ал Хилал.