Дома Фудбал Неста доби отказ, Монца има нов тренер

Неста доби отказ, Монца има нов тренер

Италијанскиот клуб Монца од денеска и официјално има нов тренер.

По поразот од Јувентус во последното коло од италијанската Серија А, клупата на Монца ја напушти актуелниот тренер на тимот Алесандро Неста, а за негов наследник беше промовиран Салваторе Бокети.

По 17 одиграни натпревари, хитот од минатата сезона во Серија А е последен на табелата со само 10 освоени бодови, што значеше дека е време за тренерска смена.

Пред Монца, Бокети ја водеше Верона, а договорот го потпиша до летото 2027 година. Негова апсолутна цел ќе биде да го остави овој тим во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…