Натпреварот од 18. коло на Серија Б, во кој Јуве Стабија ја победи Чезена со 1:0, не беше многу интересен, но успеа да се најде во центарот на вниманието на јавноста поради случувањата на трибините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Единствениот гол на натпреварот го постигна Романо Флоријани Мусолини, правнукот на Бенито Мусолини диктаторот и лидер на фашистичка Италија за време на Втората светска војна, а тоа беше повод навивачите да му оддадат чест со фашистички поздрав за време на прославата на голот.
Романо Флоријани Мусолини не реагираше на провокациите, ниту пак поздрави со навивачите, а по натпреварот се обиде да се дистанцира.
„Мојот прадедо Бенито беше значајна фигура во Италија, но ова е 2024 година и светот се има променето. Јас не се оптоварувам со тоа, бидејќи она што го работам нема врска со политика. Подготвен сум за предизвици, на мене е да ги замолчам сите оние кои поради презимето имаат предрасуди кон мене“, рече тој.
Benito Mussolini’s great grandson Romano Mussolini scores for Serie B side Juve Stabia pic.twitter.com/WvDYB1QUtx
— Matteo Bonetti (@Bonetti) December 22, 2024