Јошко Гвардиол ја коментираше досегашната сезона во Манчестер Сити. Актуелниот англиски првак се соочува со криза која го донесе на седмото место на табелата во Премиер лигата, а не блеска ниту во Лигата на шампионите каде е на 22-то место.
“Тешко е да се носиме со притисокот. Мораме да бидеме свесни за ситуацијата во која сме. Нема да умреме, знаете? Само не победуваме. Верувам дека ќе се вратиме на победите и ќе бидеме на наше најдобро ниво. Ќе биде поинаку по Новата година”, рече хрватскиот репрезентативец.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
“Не можам да зборувам за другите, само како се чувствувам јас. Исцрпувачки е да се игра секои три дена. Тоа можам сосема отворено да ви кажам. Сите сме исцрпени поради густиот распоред”, додаде Гвардиол, кој оваа сезона одигра 25 натпревари во сите натпреварувања.
На прашањето дали се промениле целите на клубот за оваа сезона, Гвардиол одговори:
“Дефинитивно. Не можам да лажам и да кажам дека по вакви натпревари сакаме да освоиме Премиер лига. Би можел тоа да го кажам затоа што тоа го посакувам, но сега е многу тешко. Нашиот сегашен цел е да победиме на следниот натпревар. Не размислуваме за титулата. Прерано е, сезоната е предолга. Така ќе ви одговорам и ако ме прашате истото прашање по следниот натпревар.”