Дома Останати Ракомет Македонските ракометари ги почнаа подготовките за СП 2025

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за СП 2025

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги започнува подготовките за претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи на почетокот на 2025 година. Подготовките се одвиваат во Стара Пазова, Србија, под водство на селекторот Кирил Лазаров.

Првенството ќе се игра во три земји-домаќини: Хрватска, Данска и Норвешка. Македонската репрезентација ќе ги одигра своите натпревари во групната фаза во Вараждин, Хрватска, каде што се очекуваат големи предизвици.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Селекторот Лазаров ги повика 20 ракометари кои ќе бидат дел од подготовките и ќе се борат за место во финалниот состав. Меѓу повиканите се наоѓаат искусни играчи кои веќе имаат докажано искуство на меѓународната сцена, но и млади таленти кои имаат шанса да го покажат својот потенцијал.

Македонија ќе го отвори првенството со дуел против Унгарија на 15 јануари, кој ќе биде важен за добар старт. Потоа, на 17 јануари следува натпреварот против репрезентацијата на Гвинеја, додека групната фаза ќе ја затвориме со натпревар против Холандија на 19 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски: Среќни сме што ги започнуваме подготовките за СП!

Македонската машка ракометна репрезентација и официјално означи старт на подготовките за н…